КОНГРЕС НА БЕСА: Африм Гаши најсериозен кандидат за нов претседател на партијата БЕСА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Африм Гаши е најсериозен кандидат за претседателското столче на Движење Беса. Ова за ТВ21 го потврдил вршителот на должност – претседател, Неџбедин Кахремани. Во трка се двајца кандидати, но Кахремани го кажа јавно само името на Гаши, кој според него ја има најголемата поддршка од овој табор на Движење Беса.

Движење Беса денеска го одржа првиот конгрес на партијата, на кој што учествуваа над 600 делегати. И покрај внатрепартиските поделби, Кахремани смета дека овој конгрес е целосно легитимен.

Присутен бил и лидерот на ДПА, Мендух Тачи давајќи до знаење дека го поддржува овој табор на Беса. Другиот табор, тој на Биљал Касами, или познат како Тетовски табор постојано тврди дека конгресот на партијата ќе се одржи на 24 февруари дата која според нив е едногласно изгласана од советот на партијата

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This