КОНЕВСКИ НА СРЕДБА СО ГРАЃАНИТЕ ОД 13-ТИ НОЕМВРИ: Коневски најави големи проекти за населбата 13-ти Ноември!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски продолжува со средбите со граѓаните од Аеродром. Тој денеска беше да ги промовира своите проекти во населба 13-ти Ноември.

Тој најави дека за оваа населба се планирани голем број проекти, кои ќе бидат остварени доколку Ивица Коневски ја добие довербата од жителите на Аеродром.

Фејсбук статус на Ивица Коневски

Денеска во населбата 13-ти Ноември продолжуваме со промоција на проектите од нашата предизборна програма.
Еден од позначајните проекти предвидени во оваа програма е изградба на првиот Дневен центар за деца со пречки во развојот во Општина Аеродром, во кој тие ќе добијат дополнителна помош, нега, рехабилитација и оспособување за самостоен живот, со цел да се намали нееднаквоста предизвикана од социјалната исклученост.

Доколку ја добиеме довербата од граѓаните Дневниот центар ќе го изградиме наредната година, за што ќе обезбедиме 3 милиони денари од Буџетот на Општината.

Инаку, во оваа урбана населба во претстојниот период ќе ги реконструираме сите детски и спортски игралишта, ќе ги реконструираме плочниците зад ТЦ „Три Бисери“, ќе изградиме парк за миленици, а во парковите ќе поставиме метални конструкции за вежбање.

На тој начин ќе се овозможат услови за практикување спорт којшто е во подем во светски рамки, односно вежбање на вежби со сопствена тежина таканаречени калистенички вежби, коишто овозможуваат највисоко ниво на телесна и физичка подготвеност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This