КОНЕВСКИ: СДСМ очајно се обидува да го прикрие скандалот на наставникот рекетар Златко Марин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелниот градоначалник на општина Аеродром и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, Ивица Коневски вели дека СДСМ ги злоупотребуваат институциите на власта и креираат сценарија и обвиненија кои се чиста измислица.

Тој потенцира дека ревизорскиот извештај со кој излезе СДСМ на денешната прес – конференција, како што и самите тврдат се однесува за 2005 година, кога со ЈПССДП стопанисуваше токму СДСМ. Коневски на чело на оваа институција дојде дури во 2007 година.

-Со цел да го одвлечат вниманието од вчера објавениот скандал за рекетирањето што го спроведува Златко Марин по фирми што работат на територијата на општина Аеродром, СДСМ ги злоупотребуваат институциите на власта и креираат сценарија и обвиненија кои се чиста измислица. Последните анкети за рејтинзите на кандидатите за градоначалници што излегоа во јавноста изминатите неколку денови од медиуми блиски до СДСМ, предизвикаа страв и очај во оваа партија. Станувајќи свесни дека безочното лажење не води кон победа, туку кон голем пораз, во паника на неколку денови пред изборите почнаа да манипулираат со измислени сценарија. Така, денеска штабот на СДСМ во Аеродром излезе со прес-конференција во добро познат стил преку негативна кампања, измислувајќи ревизорски извештај од нафталин за наводни неправилности во работењето на ЈПССДП. Напротив, сите забелешки од овој ревизорски извештај се однесуваат на работењето на претпријатието во времето на СДСМ, кое ми го оставија во „наследство“ кога застанав на чело на ова ЈП, па морав да се справувам со последиците од нивното недомаќинско работење. Успеав да ја зголемам наплатата на деловниот простор за дури 600 проценти и исто толку на кредитите за станбениот простор (а не 15%, бројка со која манипулираат во СДСМ), воведов ИСО стандарди за регулирање на процесите во работењето…  Очигледно со извртување на вистината се обидуваат да го прикријат скандалот на наставникот по физичко, кој со месеци наназад ги „тероризирал“ фирмите во општината и од нив на најдрзок начин изнудувал пари за водење на неговата „црна“ кампања. Наместо да се обидува да фрла црна дамка врз работењето на Општина Аеродром и моето водење на една од најуспешните општини во државата, раководството на СДСМ нека ги спореди ревизорските извештаи за Општина Аеродром со оние на општините Центар, Струмица, Куманово…, каде локалната власт со години наназад беше и уште е во нивни раце. Општина Аеродром е пример за одговорно и економски стабилно работење. Нашата работа се разликува од нивната по тоа што ние сме транспарентни и отчетни, за разлика од нивните манипулации и контроверзи. Но, граѓаните ги демаскираа и тоа ќе се докаже на 15-ти октомври. Омразата што ја сеат ќе си ја ожнеат на денот на локалните избори, кога ќе се соочат со нивниот најголем пораз досега, стои во реакцијата на Коневски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This