КОНЕВСКИ ЧЕКА РЕАКЦИЈА ОД МВР: Пријави ФБ страна која шири лаги и клевети, бара МВР да ги пронајде манипулаторите на јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, вчера по вторпат испрати пријава до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со барање да се пронајдат и санкционираат администраторите и одговорните од фејсбук страницата на „СТОП за Вмро-Дпмне во Аеродром“ за повторно и континуирано објавување текстови со навредлива и клеветничка содржина, соопштуваат од општината.

-Со содржината на тој профил, како и други слични портали и интернет страници, како што се наведува во пријавата, се манипулира јавноста и се изнесуваат невистини и лаги за работата на градоначалникот и на Општина Аеродром како институција, информираат од општината.

Од МВР како државен орган за внатрешни работи се бара веднаш да пристапи кон оперативни дејствија за пронаоѓање на администраторите, нивно идентификување и преземање соодветни мерки спрема нив, согласно позитивните законски прописи.

„Со оглед на тоа што ова не е прв случај од овој профил да се изнесуваат лаги и невистини и да се дискредитира мојата личност, очекувам од Ваша страна во најбрз можен рок да се преземат сите неопходни дејствија за пронаоѓање на одговорните. Во спротивно ќе сметам дека ги штитите сторителите“, се вели во дописот до МВР од градоначалникот Коневски, кој изразува сомнеж дека зад досегашното неангажирање на МВР стои раководството на СДСМ што директно стои зад овие портали и континуирано шири невистини, цел да ја манипулира јавноста со лаги и дезинформации во пресрет на локалните избори.

Оттаму, Општина Аеродром јавно го повикува раководството на МВР да каже дали по повторната пријава ќе преземе мерки против ваквите девијантни појави или ќе продолжи да ги штити манипулаторите на јавноста!

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This