April 23, 2024, 11:30 pm

КОНЕЧНА ОДЛУКА: Блокада за Македонија и Албанија за почеток на преговори – заклучоците катастрофални поради корупцијата и криминалот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефовите на дипломатиите на Европската унија во Луксембург ја одложија одлуката за почеток на преговори до 2019.година за прием на Албанија и Македонија, откако Франција, Холандија и Данска бараа од Тирана и Скопје опипливи докази за зајакнување на владеењето на правото и бобрата против корупцијата и организираниот криминал

Како што за новинарите изјавил грчкиот министер за надворени работи Никос Коѕијас, 25 членки на ЕУ биле за тоа денес „да се даде зелено светло“ за Албанија и Македонија за преговорите во 2019. година, но Франција, Холандија и Данска барале одлуката за тоа да се одложи за идната година, кога би се востановило дека властите во Скопје и Тирана успеале да ја подобрат ситуацијата со владееењто на правото и сузбивање на корупцијата и криминалот.

Коѕијас навел дека тој на состанокот барал позитивна одлука да се донесе „поради внатрешната ситуација во двете земји на кои им е потребна стабилност и безбедност, и секако не нов проблем“.

Според дипломатски извори во Луксембург, Холандија предочила дека, покрај договорот Скопје-Атина за името, македонските власти и понатаму не ги исполнуваат основните мерки за почеток на преговори, посебно кога станува збор за владеењето на законите и способноста на државната управа.

Франција исто така посебно смета дека во Албанија не е сузбиен организираниот криминал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This