„КОНЕЧНО МИ СЕ ИСПОЛНИ СОНОТ“: Игор Џамбазов на постер со Цеца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Популарниот македонски актер и водител Игор Џамбазов е мошне активен на Инстаграм во последно време и често со своите објави знае да ги насмее обожавателите, па така и овојпат.

На постерот за Штипската пастрамалијада, Џамбазов ѝ прави друштво на ѕвездата на настанот, српската фолк – пејачка Цеца Ражнатовиќ. Името на Игор е напишано некаде во дното на големиот постер, со мала фотографија, а турбо-фолк ѕвездата го гледа од високо.

„Конечно ми се исполни сонот. На иста сцена и на ист плакат со големата Светлана. Oј, животе, кредиту без камата.“

Игор откако го направи својот инстаграм прогил е доста активен, па фановите уживаат во неговите објави секојдневно. Тој пред неколку дена јавно и го честиташе роденденот на својата сестра Татјана Џамбазова и постави нејзина фотографија.

Обожавателите имаа шанса да видат како денес изгледа неговата сестра и од се срце и го честитаа роденденот. Секоја негова објава поврзана со приватниот живот на шоуменот собира се повеќе позитивни коментари од претходната. Сепак еден е Игор!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This