March 28, 2024, 10:44 am

Конечно научниците мораа да потврдат: Kopoната постоела и циркулирала уште во Март и Септември 2019

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најновата студија на Институтот за тумори во Милано и Универзитетот во Сиена покажа дека вирусот Ковид 19 во Италија циркулирал уште во почетокот на Септември 2019 година, многу порано од тоа што до сега се веруваше .
Главниот автор на студијата научниот директор ја објави студијата во магазинот Тумори журнал.

Со серолошко тестирање на примерок на крв на 959 лица кои учествувале во истражувањето за рак на белите дробови во Септември минатата година и Март оваа година кај 11,6 % од испитаниците се откриени антитела на корона вирусот, а кај 14 % е откриено дека имале антитела на корона уште во Септември минатата година пишува италијанската Република.

Се покажало дека четворица од случаите во првата недела на Октомври, биле позитивни на антителата кои го неутрализираат вирусот, што значи дека се заразиле уште во Септември, изјавува Аполоне за Ројтерс.

-Ова е главното откритие, луѓе без симтоми не само што беа позитивни после серолошко тестирање, туку имаа и антитела кои можат да го убијат вирусот. Тоа значи дека новиот корона вирус циркулирал многу време пред да се прогласи како светска пандемија и дека вирусот може да циркулира меѓу луѓето и со низок степен на смртност, не затоа што исчезнува, туку за да повторно нагло удари-додава тој.
Како што се наведува во истражувањето учествувале лица од 55-65 години, и сите биле пушачи.
Скоро 60% од испитаниците биле машки, а 50 % од нив жители на Ломбардија.

Наодите од крвта покажуваат дека во Септември 2019 вирусот потенцијално бил присутен во пет италијански регии, а во вкупната анализа од Септември до Март бил пронајден барем по еден позитивен случај од сите 13 региони.

-За оние кај кои се пронајдени антитела во крвта дадена во Септември заразата најверојатно се случила во Август-истакнува Аполон.

Првиот официјален случај на Корона вирусот во Италија е забележан на 19 Февруари 2020 г.

Еден од водечките свестки епидемиолози, британецот Том Џеферсон, вели дека новиот коронавирус најверојатно не потекнува од Кина, како што се смета, посебно сега кога знаеме дека има пронајдено траги и во Шпанија во примероците на отпадните води од Март 2019 година.

Секако дека тоа не значид дека вирусот потекнува од Шпанија, но исто така не дава ниту потврда дека води потекло од Кина. Научниците велат дека е сеуште рано да потврдиме каде точно настанал вирусот.
Џеферсон, кој работи во Медицинскиот центар при Оксфордскиот Универзитет, истакнува дека вирусот бил притаен, можеби и години, пред да се активира при крајот на минатата година.

Укажува и на бројни студии кои го потврдуваат присуството на вирусот во отпадните води, од Европа па до Јужна Америка. Интересно е што сите примероци се со стари датуми и далеку пред да биде откриен првиот случај со зараза од коронавирусот во кинескиот Вухан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This