КОНЕЧНО НЕКОЈ И ВОЗВРАТИ НА КАРЛЕУША: Навредуваше натпреварувачка поради невкусниот стајлинг, доби жесток одговор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатката Мира Медан, чија менторка е Ана Бекута, излезе во полн елан на сцената да покаже што научила. Во негативните коментари како и секогаш предводеше Јелена Карлеуша.

-Жената се допуштила на толкав невкус. Сметам дека со овој фустан, обувки и фризура, себе си даде автогол, бидејќи привлече внимание во погрешна насока. Не си се облекла добро, се тоа кажува на тотален невкус, кажа Карлеуша.

Мира кажа дека се потрудила, но Карлеуша продолжи во ист тон.

-Од каде си ти, праша Јелена, а кога кандидатката и кажа дека е од Требиње, пејачката праша:

-Дали Требиње е на планина, имате ли струја да ги погледнеш социјалните мрежи, рече Карлеуша.

-Немојте, ве молам, не би сакала да водам ваков разговор. На кого вие му поставувате вакви прашање? Тоа не се прашања за оваа сцена. Не дозволувам така да разговарате со мене, рече учесничката и побара да ја напушти сцената.

Но, по овој скандал на сцената, на социјалните мрежи се обрати сопругот на Мира, Милорад Недан, кој упати остра порака до Карлеуша.

„Имаме струја и интернет и ја видовме твојата брука и срамота, Јелена К.“-напиша тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This