КОНЕЧНО НЕКОЈ И ГЛАСНО ДА КАЖЕ ОД КАДЕ ПРИТИСОЦИТЕ: Судијата Владимир Панчевски открива дека притисоците доаѓале директно до Американската амбасада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судијата Владимир Панчевски, екс-претседателот на Кривичниот суд, кој е во трка повторно да седне на раководната функција, за Алфа зборува за притисокот врз него како прв човек на скопска единица.

Тврди дека за цело време на мандатот пресии не чувствувал, се до моментот кога била организирана првата прес конференција на СЈО, на 12 февруари минатата година на која беше најавена акцијата за „Титаник“- за изборни измами. По пресот бил повикан на состанок во американската амбасада каде му било најавено дека ќе следи и предмет „Тврдина“- поврзан со уништувањето на опремата за прислушување, односно дека истиот ќе стигне и во судот.

На оваа средба Панчевски го потсетува амбасадорот Бејли во писмото што го испрати до него веднаш по претресот. Во писмото наведува дека во амбасадата разговарал со Дејвид Стивенсон, па во име на содржината на разговорот- како што се вели во писмото, бара од Бејли лично да се ангажира за расветлување на незаконитото работење на СЈО и хајката против него.

И покрај црната кампања против него, Панчевски е убеден дека котира високо меѓу кандидатите за претседатели на Кривичен суд, за што Судскиот совет се очекува да решава во среда.

Има уште нереализирани проекти на мојата агенда и можам уште многу да направам за судот, нагласува Панчевски.

15 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This