КОНЕЧНО: Објавени резултатите за прием на студенти во студентските домови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје.

Во соопштението на веб страницата на МОН е наведено дека по објавување на резултатите, студентите имаат право на приговор во рок од пет дена, (од денот на објавување на резултатите) кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.

Напоменуваат дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом „Гоце Делчев” во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б.

Резултати по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 23 септември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This