April 18, 2024, 10:42 am

КОНЕЧНО: Оваа недела ќе биде пуштен автопатот Миладиновци-Штип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа недела ќе биде пуштен во употреба новиот автопатот Миладиновци-Штип, а во текот на летото ќе започне изградбата на патарините, најави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, денеска во Куманово, објави СДК.

–Оваа недела ќе биде пуштен автопатот. Вчера бев лично на увид, за две дена завршуваат последните метражи и последниот дел на поставување на заштитна мрежа. После тоа ќе може да се пушти во сообраќај, со тоа што на две места од по 100-200 метри ќе има времен режим на сообраќај, бидејќи надвор од автопатот ќе се работи во близина на автопатот, работи кои треба да се од корист на граѓаните. Во меѓувреме завршува тендерот за сите евидентирани слабости и недостатоци на главниот проект, којшто во наредниот период, а тоа се наредните 2-3 месеци комплетно треба да бидат елиминирани. Некаде во средината на летниот период треба да отпочне изградбата на патарините, но за тоа потоа, изјави Китанов.

Новиот автопат Штип–Миладиновци почна да се гради во 2014 година. Беа пробиени неколку рокови, па новата власт уште лани најави дека ќе биде даден во употреба до крајот на 2019 година. Инвестицијата изнесува околу 250 милиони евра со дополнителните трошоци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This