April 18, 2024, 11:43 am

КОНЕЧНО ПРОНАЈДЕН ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ? Саркофаг направен од црн гранит пронајден во Александрија – одговара на периодот кога починал Алекандар Македонски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антички саркофаг направен од црн гранит бил пронајден недоамна во околината на Сиди Габер во Александрија, Египет, пишуваат светските медиуми, пренесува „Хафингтон Пост“

Саркофагот бил запечатен со малтер, поради што експертите сметаат дека ковчегот не бил отворен поеќе од 2.000 години, стои во текст на „Смитсониан Магазин“. Ова, сметаат археолозите е необично имајќи во предвид дека голем број на гробови претходно биле ограбени од крадци.

Големината на саркофагот е од особена важност, велат од „Сајенс Алерт“. Истиот е голем 265 центримети долг, и 185 центиметри широк.

Гробот, за кој се верува дека потекнува од периодот на Птоломеј, околу 305 година пред нашата ера, е пронајден на 4.8 метри длабочина за време на археолошки работи кои се вршеле со цел обезбедување на местото на кое требало да се изгради зграда, објаснува „Смитсониан“. До саркофагот е пронајдена и биста за која се верува дека е на човекот кој е погребан во гробот. Идентитетот на човекот закопан во овој гроб сеуште не е познат.

Александрија била основана од Александар Македонски, но била игнорирана од архелозите со декади поради 5 милионската популација која живее во градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This