КОНСЕНЗУАЛНОСТА ЛЕЖИ ВО СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА: Отпишувањето на долговите, популистичка мерка за обезбедување на гласови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Заев најави отпишување на долговите за неплатени сметки за електрична енергија од 2006 година па навака, предизвикувајќи бура од реакции во јавноста и медиумите, а и ние не би биле ние ако немаме поделени мислења околу ова прашање како и по многу други.

Дел од медумите и граѓаните со задоволство го прифатија ова решение пред се водени од самите себе и товарот кој го имаат тие врз својот џеб за некоја заостаната сметка, затурена во поштата или пресметките па мака мачат да се спогодат да ја платат на рати со ЕВН.

Но исто така ако објективно тргнете од самите себе знаете дека доколку не сте платиле сметка за струја повеќе од три месеци истата ќе ви биде исклучина и ќе се „окозите“ додека го подмирите долгот за повторно да ви ја вклучат.

Во изјавата Заев спомна дека станува збор за долгови од 110 милиони евра, долгови кој наводно граѓаните го генерирале како долг во одност на своите режиски обврски.

По медиумите и јавноста има разни толкувања во однос на граѓанските права и обврски кога станува збор за електричната енергија. Електричната енергија е основно право на секоја индивидуа и никој нема право да ви ја ускрати во 21ви век дури и во ситуација да не ги плаќате сметки, други пак велат „колку пари, толку музика“. Едни тврдат дека сметките застаруваат по една година, други по три години, а Заев ќе простува долгови од 2006 година.

Премиер на држава простува долгови и парични обврски на граѓаните кон приватна компанија? Но на кои граѓани?

Сите ние кои совесно живееме и од месец за месец приоритетно ги подмируваме нашите домашни режиски трошоци си создаваме стрес и тензија самите на себе доколку остане некоја сметка не платена или ја оставиме за наредниот месец. Но не сите живеат со таков стрес и чувство за обврска.

Во Македонија постојат региони, градови и села кои во 21 век живеат без струја затоа што имаат долг од 2006 година и неможат да го платат а тој им се таложел со години наназад?

Да не се лажеме, инфраструктурата за снабдување на електрична енергија покрива 98% посто од територијата на Република Македонија, не станува збор за лица кои живеат без струја, тука станува збор за лица кој живеат без морална обврска да плаќаат режиски трошоци за основните потреби. Тие едноставно самите себе си се ослободиле од тие обврски и никој не може да им го одземе тоа право.

Токму овие луѓе се оние кои генерирале 110 милиони евра долг, а ниту Заев, ниту ЕВН, неможе да им зуцне за исклучување ако не плаќаат сметки.

Во билтенот на МВР постојат многу случаи каде вработени од ЕВН се обиделе да исклучат некого од струја, па завршиле бегајќи од истрели од огнено оружје или во болница од ќотек. Едно време ЕВН се обидуваше и со присуство на припадници од МВР да ги санкционира „несовесните“ корисници на електрична енергија, но и тоа не беше успешно.

Сега на само неколку месеци пред избори на Заев му текна да ги отпише долговите за струја, на оние кои никогаш не плаќале и на оние кој никој немал храброст и сила да им ја исклучи, а ние останатите граџани од втор ред ќе ги платиме и нивните долгови.

За да го направи тоа, Заев ќе треба прво да ги научи нив и да ги убеди дека тие имаат долг и дека должат пари, затоа што според начинот на кој живеат овие „запоставени“ и „угнетени“ граѓани не чувствуваат обврска ниту должност према никој, особено не према Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This