Конститутивна седница на деветиот собраниски состав

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На конститутивната седница на Собранието на Република Македонија присуствуваат 118 од 120-те избрани пратеници на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември. Првото заседание на деветиот парламентарен состав е прекинато, додека до пратениците не биде доставен Извештајот за резултатите од изборите и освоените мандати на Државната изборна комисија од Верификациската комисија, која заседава.

sobranie-5-640x294

Со собрание на седницата претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски. Како негови заменици беа назначени пратениците Стојан Миланов и Јусуф Хасани.

За претседател на Верификациската комисија беше избран Влатко Ѓорчев, а членови се Петре Шилегов, Реџаиљ Исмаили, Фадил Зејнели и Сурија Рушити.

Оливер Спасовски, од коалицијата предводена од СДСМ, во процедурална забелешка рече дека Вељаноски не треба да претседава со седницата заради тоа што и според праламентарната пракса и според Деловникот, со неа треба да раководи најстариот пратеник.

Вељаноски кусо одговори дека има разлика во праксата и во спроведувањето на Деловникот. – Јас мислам дека Деловникот преовладува во работата и така треба да направиме, рече Вељаноски.

На дневен ред на првата собраниска седница се избор на претседател и членови на Верификациската комисија, верификација на мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

На конститутивната седница не присуствуваат само двајцата новозибрани праници од ДПА.

На седницата присуствуваат високи претставници на верските заедници, на судската власт, на МАНУ, дипломатскиот кор…

Најмногу пратеници во деветиот парламентарен состав ќе има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА – 2. Во овој парламентарен состав нема да има народни избраници од дијаспората поради недоволен број гласови.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This