КОНТРОЛОРИ ГAЗEA ПАТНИК ВО АВТОБУС НА ЈСП: Контролори на ЈСП тeпaaт патник, претпријатието на ФБ се правда „патникот прв почна“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Момче денес било физичко нападнато од контролори во автобус на ЈСП со број 2. Случајот објавен со фотографија на социјалните мрежи го сподели патник кој бил во автобусот.

-Еве во каква држава живееме во која владее законот на посилниот. Линија бр.2 некаде околу 12:35 часот…двајца контролори на ЈСП буквално со нозе го газеа дечкото.Јас не знам што предходно сторил затоа што се наоѓав на горниот спрат од автобусот (ова се случуваше на долниот) но убеден сум дека ваков однос е во најмала рака кажано недоличен“, објави на својот профил на Фејсбук Зоран Т.

По прозивките и негативните коментари на социјалните мрежи, ЈСП кусо се јави со коментар на едно од споделувањата на објавата пишувајќи дека веднаш по случката, внатрешната контрола на ЈСП Скопје излегла на терен и патникот и двајцата контролори дале исказ и во МВР, и дека се работи на расчистување на случајот.

Иако, ЈСП Скопје во коментарите вели дека секојдневната комуникација на Фејсбук им се одвива само преку „инбокс“ сандачето, направиле исклучок поради ситуацијата. И наместо, како што и претходно самите искоментираа дека МВР работи на расчистување на случајот, и истиот да го остават во нивна надлежност, одговорните за Фејсбук страната на ЈСП се дрзнаа на социјални медиуми да коментираат дека патникот прв употребил физичка сила.

-Бидете сигурни дека сите пријавени и докажани ситуации во кои контролори/возачи го кршат Кодексот на однесување на вработените, се проследуваат до соодветната служба и против вработените се покренуваат соодветни дисциплински постапки. Во конкретниов случај, патникот прв употребил физичка сила. Тоа е доказ дека и не сите патници се однесуваат соодветно. Како и да е, случајот ќе биде расчитен институционално. Во секој случај, Ви благодариме на укажувањето. Ве информираме дека ЈСП Скопје и натаму е отворено за пријави/поплаки/жалби од секаков вид. Секојдневната комуникација овде на „фејсбук“ се одвива исклучиво преку „инбокс“, а на постови и прозивки одговараме во исклучителни ситуации. Ви благодариме на разбирањето, стои во коментарот на ЈСП.

Инаку вчера патничка на ЈСП пријавила во полициска станица дека била физички нападната од возач на ЈСП. Повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This