КОНФЕДЕРАЦИЈА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА, АЛБАНИЈА, КОСОВО И ЦРНА ГОРА: Поранешниот косовски премиер со идеја како да се зачува албанскиот фактор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот косовски премиер Бајрам Косуми предлага четирите „мали балкански земји“ – Албанија, Косово, Македонија и Црна Гора, да формираат „модерна конфедерација“, во чија основа би биле заедничката дипломатија и вojcka, трговијата и слободниот проток на луѓе и стоки, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во авторски текст, што денеска го пренесуваат приштинските медиуми, Бајрами вели дека една таква идеја би можела да се реализира од причина што тие земји воопшто немаат претензии една кон друга.

„Зошто да не се создаде една модерна конфедерација, кога Албанците се составен дел од секоја држава и како мнозинска нација? Затоа што токму Албанците имаат стратешки интерес да ја зачуваат независноста и пријателските односи со Македонија и Црна Гора, токму поради албанскиот фактор во тие држави и поради хегемонистичките апетити на Србија и политиките на влијание на другите“, пишува Косуми, кој беше косовски премиер од 2005 до 2006 година.

Според поранешниот косовски премиер, четирите држави имаат мали територии, мали пазари и не многу развиени економии, а нивниот бруто производ се движи од пет милијарди долари, колку што има Црна Гора, до 13 милијарди, колку што има Албанија. Косуми напоменyва дека сите мали држави од Југоисточна Европа заедно, немаат бруто производ колку една Чешка, на пример.

Тој смета дела обединувањето на четирите мали држави, би им заштедила голем дел од буџетот на секоја од нив на полето на дипломатијата.

„Со еден можен договор меѓу четирите мали држави за надворешните политики и дипломатијата, наместо 28 амбасади колку што има Црна Гора до 37 амбасади на Албанија (Македонија и Косово имаат меѓу овие бројки), можат да имаат 126 амбасади, под услов една амбасада да ги претставува четирите држави. Со тоа многукратно ќе се намалат трошоците за амбасади и многукратно ќе се зголеми покриеноста на четирите држави со претставништва“, наведува Косуми.

Тој вели дека корист од обединувањето во конфедерација тие земји би имале и на бeзбeдносен план.

„Војските на овие мали земји поаѓаат од 2.500 колку што има Косово и исто толку Црна Гора, до 9.000-10.000 колку што имаат Македонија и Албанија. Ниедна од малите вojcки на овие четири земји не може да биде гаранција за бeзбeднoста на земјата од која било посредна регионална или европска земја, се разбира доколку (американскиот претседател Доналд) Трамп има дилеми зошто на пример НАТО би требало да ја брани Црна Гора“, пишува поранешниот косовски премиер Бајрам Косуми, кој моментно е ректор на Универзитетот во Гњилане и професор по новинарство на Приштинскиот универзитет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This