КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОБСЕ: Димитров зборуваше за кopyпцијата, заборави да ги спомене Peкет 1 и 2 и стипендиите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички – корупцијата – и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето.

Ова го истакна денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров и носител на ИЕ-1 на коалицијата Можеме на онлајн Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера”, што се одржува денеска и утре во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на Организацијата.

Димитров не зборуваше за непотизмот и за стипендијата за ќерка му од 40 илјади долари од македонската влада додека тој е министер, која неговата ќерка ја доби за престој во Холандија, каде семејството има постојано место на живеење.

Како што соопшти МНР, во присуство на министри и други високи претставници на земјите членки на ОБСЕ, Димитров ја реафирмираше определбата на Владата за борбата против корупцијата, како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата.

Исто така, Димитров заборавил да зборува за Рекет 1, Рекет 2 и останатите мега-афери во кои се директно вмешани претставници на неговата СДСМ.

Тој притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии“ кој овозможува увид во преку 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво, укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This