Конференција за млади лидери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Предизвици и можности за младите денес“ е темата на конференцијата за млади лидери што на иницијатива на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се одржи денеска во Струга.

132671774-91217

Идејата на претседателот Иванов за одржување на Школата, како што соопштуваат од неговиот Кабинет, е да им се овозможи на младите, талентирани и иновативни луѓе од Македонија и наши иселеници да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и способности, преку предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот.

Учесници на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“ се претставници на седумте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, се одржува од 2010 година.

Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат претседателот Иванов и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Џес Бејли.

Во изминатите седум години на Школата за млади лидери учествуваа 280 млади луѓе и 167 предавачи од земјава и од странство. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, која низ семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини.

Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“ е поддржана и од Фондацијата Алијанса на Цивилизациите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This