Конфликт на Рама и Харадинај: Магаре е секој кој ќе каже дека Тачи е предавник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама и косовскиот премиер Рамуш Харадинај се судр ија околу корекцијата на границата со Србија, односно околу косовскиот претседател Хашим Тачи, јавуваат косовските медиуми.


Еди Рама, според Газета експрес, со емоции во гласот кажа дека е „магаре секој кој ќе каже дека Хашим Тачи е пред авник“, додека Харадинај порача дека „никој нема да чепне ниеден метар од косовската земја“.

Харадинај кажа дека прашањето на корекцијата на косовските граници е завршено на 17 февруари 2008 година, кога беше еднострано прогласена косовската независност.

„Што мислите, не е во ред кој било да добие метар од косовската земја без оглед на тоа дали е Албанец, дали е Рамуш, Еди или Хашим Тачи. Тоа е сериозно погрешно. Ова е земја на Албанците формирана со кр в, на 17 февруари, и сите тоа мора да го знаат. Во овие граници нѐ препознаваат и Албанија и Америка“, кажа Харадинај коментирајќи ја пораката на Рама за патриотизмот на Тачи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This