КОНФУЗИЈА ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА: Заев под закана од губење на парламентарното мнозинство и нови вонредни парламентарни избори?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Неполн месец откако новата влада предоводена од коалицијата на СДС-ДУИ-Алијанса на албанците започна со практицирање на власта во државата, а веќе започнаа и првите препукувања и исполнување на барањата и ветувањата кои Заев ги делеше за да ја добие нивната поддршка за формирање на парламентарното мнозинство

 

Како што изминува времето, и се наближува рокот за локални избори, владината коалиција се соочува со посериозни потреси, кои благодарени на режимските медиуми вешто се сокрива, а вниманието од важните теми се пренасочува кон латентни и измислени теми и провокации кои треба да бидат димната завеса од вистинските несогласувања во коалицијата.

Имено, коалиционите партнери на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците се погласно зборуваат за исполнување на ветувањето во врска со воведувањето на двојазичноста на територија на целата држава, ветување дадено од страна на Заев во рамки на прифаќањето на т.н. Тиранска платформа.

Според албанските аналитичари и медиуми во државата, исполнувањето на ова ветување е клучно за реализација на позитивни резултати на локалните избори за партиите кои се дел од владеаката коалиција. Од другастрана пак, и опозициската БЕСА која вети поддршка на политиките на СДС во Собранието на прес конференција најави дека таа поддршка ќе ја повлечат доколку СДС не успее да реализира изгласување на нов закон за јазици.

Минатата недела, при гостувањето на еврокомесарот Јоханес Хан во јавноста проструи информација дека меѓу една од темите на неофицијалните средби била и онаа за барањето на Зијадин Села, кој се закани со напуштање на владината коалиција доколку до септември не се донесе новиот закон за јазици. Во новинарските кулоари, кружи информацијата дека Јоханес Хан бил замолен од Зоран Заев да го убеди Села дека законот за јазиците ќе биде донесен но по одржување на локални избори. На ова Села одговорил негативно, додавајќи дека токму овој закон е асот кој тие го носат во ракавот, и дека на тој начин ќе имаат образ да бараат поддршка од албанското население во земјава.

Дека владината коалиција се наоѓа во конфузија, зборува и фактот што Али Ахмети оствари состанок со потписниците на т.н. Тиранска платформа, односно како што тие ја нарекуваат декларација, на која се разгледуваше што досега е спроведено, а за што има согласност дека во наредниот период ќе биде внесено во собраниска процедура. Состанокот заврши со заклучок дека од ветувањата речиси ништо не е реализирано, ниту пак има акциски план за спроведување.

Освен ова, албанските медиуми во државава се почесто објавуваат колумнисти и стории во кои го потсетуваат Заев на неговото ветување дека ќе ги објави доказите за „Монструм“, и дека како што ветуваше во изборната кампања ќе стави крај на „прогонот на Албанци“. Според албанските медиуми во државава, но и интелектуалци, се работи за најголемата измама која некој македонски политичар ја испорачал на Албанското население, и дека Албанците тоа нема да го заборават.

Коалицијата на Заев ја губи и поддршката од ЛГБТ заедницата, која е згрозена од заканите и клетвите кои врз нив ги фрли потпретседателот на СДС Мухамед Зекири, кој цитирајќи стихови од Куранот, фрлаше анатеми по оваа маргинална заедница која беше неизоставен дел од борбата на Заев во изминатите неколку години.

Освен ова, граѓаните се соочуваат и со реални проблеми на терен, кои претходно ги немаа.
Најкритично е кај земјоделците кои речиси целиот свој род го фрлаат по автопатитштата, реките и депониите во недостаток на пласман, но и поради неисплаќање на субвецниите од Владата на Р.Македонија. Нешто што во изминатите 10 години се немаше случено.

Земјоделците од Струмица, Кавадарци, Неготино, Росоман, Прилеп, Богданци, Демир Капија, Овчеполието се во незавидна ситуација поради незаинтересираноста на новата влада да им помогне, а дотолку повеќе во некои од овие региони е загрозена и овогодинешната реколта поради затворањето на вентилите на акумулациите и мелиоративните системи, со што преку 20.000 хектари земјоделско земјиште се ставени по огромен ризик да бидат уништени.

Во меѓувреме, министерот за земјоделство тера ѓезмиња.

 

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This