March 29, 2024, 11:04 am

КООРДИНАТОРОТ НА ПРАТЕНИЧКАТА ГРУПА ВМРО-ДПМНЕ: За само две години откако министер за внатрешни работи е Спасовски, министерството е обвиено со бројни афери и скандали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“ при гостување на емисија „Отворено на Алфа“ појасни дека се надева дека недоверба на Оливер Спасовски ќе биде изгласана бидејќи откако тој е министер, самото министерство тоне.

ВМРО-ДПМНЕ со факти и аргументи дебатира на денешната седница за интерпелација на министерот Спасовски кој што на обвинувањата односно на тврдењата и аргументите кои што ние и јас лично ги кажавме на денешната седница ни одговори како опозиционен пратеник заборавајќи го фактот дека две години е министер на МВР. Имајќи во предвид и периодот со Пржинската влада кога беше дополнителен заменик министер имаше можност да ги види состојбите од самото министерство внатре, нагласи Мицевски.

Мицевски потсети дека за време на изборите не само ова министерство и најголем дел од министрите на луѓето, на граѓаните на Република Македонија им ветуваа „План за живот“ кој што граѓаните очекуваа да почне да се остварува одма по денот на доаѓање на власт на СДСМ. Затоа што така беше презентирана целата таа нивна активност и планот кој што ветуваше подобар живот за граѓаните.

И само две години откако министер за внатрешни работи е г. Оливер Спасовски, ова министерство е обвиено со бројни афери, скандали, недоверба од страна на граѓаните е се поголема, луксузирање со парите на граѓаните, сомнителни тендери, политички хајки кон неистомисленици на власта, нерасчистени убиства, незаконски партиски вработувања итн., посочи Мицевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This