April 26, 2024, 11:45 am

„КОПИ-ПАСТЕ“ ГРАДОНАЧЛНИЦИ: Проектите на Јакимовски репер за градоначалниците на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општина Кисела Вода и  Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, потпишаа Меморандум за соработка во областа на енергетската ефикасност во домувањето. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и раководителот на програмата од Хабитат, Зоран Димитров денес ја најавија соработката.

Преку ова партнерство, ќе се инвестира во енергетска обнова на колективните станбени згради, што пак, за жителите на општината ќе значи заштеда на потрошувачката на енергија, а со тоа и зголемување на средствата во домашниот буџет. Општината ќе субвенционира дел од средствата потребни за поставување на нова, термоенергетска фасада, за замена на старите прозорци и балконски врати, со нови, енергетски ефикасни прозорци и врати. Останатиот дел од сумата ќе може да се исплати преку поволен заем чиј услови Хабитат ќе ги дефинира заедно со заедниците на сопственици или индивидуалните сопственици на становите.

Овој тип на соработка прв ја воспостави поранешниот градоначалник на општина Капрош, Стевчо Јакимовски кој за време на својот мандат успеа да реконструира значителен број на згради во општината, а тогаш СДСМ во опозиција ја критикуваше соработката со Хабитат.

Во наредните денови, Општина Кисела Вода ќе го распише огласот во кој ќе бидат наведени сите потребни критериуми за аплицирање. Се надеваме дека преку ова мултилатерално партнерство многу жители на Општина Кисела Вода ќе успеат да ја реновираат зградата во која живеат, до степен таа да стане енергетски ефикасна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This