March 29, 2024, 11:08 am

КОРИБКО ЗА ТЕЛЕГРАФ: Трамп е прагматичен, Хилари е агресивна и милитантна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тој нагласува дека двајцата кандидати ќе го одржат влијанието на САД на Балканот и ќе се натпреваруваат со Русија за влијание, но тоа ќе го прават на различен начин

Фото: Facebook

Балканот немаше голема улога во американската претседателска кампања, освен во два клучни случаи. Хилари лажно се фалеше дека за време на војната во Босна и Херцеговина морала да клечи и да се крие од снајпер. Тоа подоцна се покажа дека е тотална лага и измислица.

Трамп, пак, тврдеше дека во интервју со Лари Кинг рекол дека НАТО-бомбардирањето на Југославија било грешка и дека тој од името на Американците се извинил, но тоа не се случило.

Ова во анализа за Телеграф.мк го тврди Андреј Корибко, политички аналитичар од Русија, кој важи за добар познавач на случувањата на Балканот.

Според него, Балканот дефинитивно не беше застапен во текот на кампањата и единствен начин да се утврди кој од нив двајца би бил подобро решение за регионот е преку нивната надворешна политика.

Хилари е позната по тоа што е агресивна и милитантна, додека Трамп е препознаен како прагматичен и во повеќе наврати говори за потребата на САД да преговараат со своите партнери со цел да се намали влијанието на оние што се „шлепаат“ на Вашингтон. Во балканскиот контекст тоа се однесува на Албанија и Хрватска, две држави кои едвај придонесуваат во НАТО, но примаат воена помош од САД – анализира Корибко за Телеграф.

Тој нагласува дека двајцата кандидати ќе го одржат влијанието на САД на Балканот и ќе се натпреваруваат со Русија за влијание, но тоа ќе го прават на различен начин.

Хилари ќе посегне по сите трикови на неоконзервативното раководство со цел зајакнување на хегемонијата на САД, вклучувајќи обоени револуции и неконвенционални војни, додека Трамп се очекува да склучи договор со Русија кој би довел до поделба на Балканот во однос на нивното влијание. Со голема прецизност може да се каже дека овој клучен регион ќе биде на дневен ред на следниот американски претседател поради напредокот што го направија Русија и Кина и нивните мегапроекти, балканскиот гасовод, патот на свилата, брзата железница. САД ќе бидат принудени да преземат чекори кои ќе ја нарушат оваа контрола или да влијаат врз овие иницијативи – вели Корибко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This