April 25, 2024, 10:33 am

КОРИСЕН ИДИОТИЗАМ ВО ПРАКСА: Граѓаните се плашеле од скриени камери во пенкалата на избирачките места – велат од некој европски тренинг центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Просто е неверојатно како еден човек може да прави нешто, и да застане позади некоја цел, идеја или организација во која и самиот длабоко во себе не верува, но благодарение на апсолутната глупост потпомогната со перењето мозоци преку странските фондови сепак испливува на површина

fokus_kameri

Извесна група на анонимни „истражувачи“ именувани како „Македонски центар за европски тренинг“ објавиле податок дека одреден дел од граѓаните „биле исплашени дека во пенкалата на гласачките места има вградено камери“ и дека на тој начин „власта знае кој за кого гласа“.

Нејасно е сепак овој центар за тренинг на корисни идиоти со Европски промискуитет дошле до ваквиот податок, имајќи во предвид дека воопшто не е објавена методологијата на истражување, ниту пак се објавени демографските карактеристики на истражувањето.

Не може една организација, која во својот назив го носи името „европски“ на овој начин да се глупира, освен ако целта позади ова таканаречено „истражување“ не е сосема насочена кон некоја штетна агенда по Евро-интеграцискиот процес.

Не е непознато дека вакви анонимни групации на тренирани европски корисни идиоти, се спремни да направат било каков извештај и да измислат некое „истражување“ кое потоа се доставува до Европските институции кои тоа го земаат за релевантен податок, а потоа тоа влегува во одреден извештај за напредокот на Македонија. Притоа бирократијата која ги чита овие таканаречени истражувања тотално е незапознаена за нерелевантноста на овие кловнови.

Всушност, намерно „шминкани“ извештаи беа испраќани и од поголемите соросоидни групации предводени од Борјан, Геро и Милчин кои потоа се претставуваа како официјална состојба во државата иако тоа немаше никаква допирна точка со реалноста.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This