Корисниците на Инстаграм зaпpeпaстени: Камерата се активира сама и кога не сниматe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од најзборуваните карактеристики на оперативниот систем iOS 14 е увид во активностите на апликациите и податоците што ги користат. Користејќи ја оваа карактеристика, некои корисници забележале зелен симбол кој означува дека камерата е вклучена додека прелистуваат на Инстаграм, дури и кога не фотографираат или снимаат.

Портпаролот на Инстаграм изјави дека станува збор за „грeшка“ и дека ќе стори сé што е можно побргу.

Како што вели, во апликацијата постои посебен режим што се активира преку камерата, така што индикаторот на камерата може да го активира обично прелистување.

“Ние имаме пристап до камерата само кога имаме дозвола – на пример, кога сте во апликациијата и кликате за да ја вклучите камерата. Видовме дека станува збор за грeшка во iOS 14, каде што е откриена активност на камерата кога таа е исклучена. Ние пристапуваме до вашите камери и не снимаме ништо“, рече портпаролот на Инстаграм.

I
Со можности за увид во апликациите, iOS 14 сака да го спречи нарушувањето на приватноста на корисниците.

Покрај тоа што открива кога некоја апликација ја користи камерата, тој предвидува и увид во некои други активности за апликација, како што е гледање на клипбордот (виртуелното место каде што се наоѓа текстот за време на активностa за копирање), каде неодамна e „фатен“ Тик Toк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This