КОРИСНИ СОВЕТИ: Неколку работи кои треба да ги направите за безгpижно патување на одмор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Совети за проверка на автомобилот

Колку подолг пат те чека, толку потемелна подготовка е неопходна. Нормално, најмногу во тоа може да ти помогне носењето на автомобилот на сервис, но и твојот увид е подеднакво важен. Тоа значи да реагираш навремено на сите чудни звуци, да го оддржуваш автомобилот соодветно и да ги проверуваш сите важни параметри кои можеш да ги провериш сам.

Пред самото патување провери ги гумите на возилото, заедно со резервната. Провери го притисокот во гумите со помош на компресорите на некоја од бензинските пумпи и прилагоди го според пропишаното на самата гума. Додади или испушти воздух доколку е потребно. Мошне е битно самите гуми да не се премногу користени и оштетени. Кога ги проверуваш гумите, провери и дали алатот за нивно менување е комплетен и на место.

Провери ги течностите во возилото. Маслото, течноста за кочниците, течноста во ладилникот, течноста за бришачите. Понеси резерва од сите овие течности.

Провери ги бришачите. Испитај ја површината која проаѓа по ветробранското стакло и доколку е потребно промени ги бришачите.

Провери ја целокупната светлосна сигнализација – фаровите, стоп-светлата, трепкачите.

Резервниот клуч од автомобилот остави го кај личноста која наједноставно ќе ти го достави доколку се случи да ги загубиш клучевите или ги заклучиш во автомобилот.

Запознај ги пријателите и семејството со планот на патувањето, за да имаат увид во планираната временската линија и да се подготвени да реагираат во итни случи.

Провери ја временската прогноза, како за деновите и местото каде ќе го минете одморот, така и за местата низ кои минува патот. Подготви се за патот соодветно на предвидените временски услови.

Понеси одредна залиха на храна и течност. Во непланирани случаи, како што се застои во сообраќајот, проблеми со автомобилот и слично, залихите на храна и течности можат да ти бидат од голема важност.

Задолжително набави прибор за медицинска помош ако немаш, а ако имаш провери ја неговата содржина, и ако е потребно обнови ја.
Обезбеди полначи за мобилните телефони за во кола.

Имај барем нешто од основниот алат заедно со електрични светилки, а по можност и резервни батерии.
Навигациска помош – дури и кога имаш GPS уред во автомобилот, или на мобилниот телефон, земи си и обична мапа за секој случај. Искористи го интернетот да се запознаеш со етапите на патувањето и условите на патот.

Провери ги уште еднаш потребните документи за возилото – возачка, сообраќајна, а ако патуваш во странство задолжително Зелен картон, како и дозвола за управување туѓо моторно возило во странство ако автомобилот не е на твое име.

Со преземање на сите наведени активности, ќе го намалиш потенцијалниот ризик од непредвидени ситуации. Целата процедура на проверка нема да ти одземе многу време, а нејзиното спроведување може да ти помогне да надминеш голем број непријатности.

Во текот на патувањето

Патниците задолжително треба да бидат врзани со сигурносни појаси. Малата некомфорност во текот на патувањето, не е ништо во споредба со сигурноста која ја дава појасот.
Прави редовни паузи за одмор и физиолошки потреби. Не вози повеќе од 3-4 часа без пауза, колку и да се чувствуваш одморено.
Менувај се со останатите возачи во автомобилот.

На премногу долги и напорни возења, препушти го воланот на оној кој е најподготвен за возење во моментот.
Не чекај горивото да дојде на резерва за да почнеш да ја бараш следната бензиска пумпа.
Имај при рака очила за сонце.

Намалената видливост е еден од најголемите проблеми за секој возач.
Избери соодветна музика за пат. Музиката има голема улога за вашето расположение, кое пак има влијание врз вашите моментални возачки способности.

Се надеваме дека ти помогнавме со овие кратки и лесно применливи совети. Сподели ги со сите оние на кои сметаш дека ќе им помогнат и имај убаво и мирно патување!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This