КОРИСТЕЛЕ ДЕЦА ЗА ДА ПРАВАТ КРИМИНАЛ: Скандал во македонскиот фудбал – фудбалски школи користеле дечиња за да прават криминал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонскиот фудбал очигледно паднал на толку ниски гранки и на толку ниско ниво, штом во најмладите категории се прават ујдурми само за да се оствари пуста победа и да оправдаат парите кои разноразните фудбалски школи ги земаат за чланарина од децата со цел правилно да ги насочат во спортскиот живот и „убавата игра“, пишува порталот sport1.mk.

Во Македонска Каменица се играле мечеви од детската лига во три генерации (2007, 2009 и 2010) и требало да играат подмладокот на Каменица САСА и школата „Фудбал Старс“ од Кочани. Но, иако се одиграле мечевите, како што објави порталот Каменица, мечевите завршиле со службен резултат 3-0 за генерациите на Каменица, затоа што гостите од Кочани сакале да направат ујдурма и да мамат, па на дуелите да играат со повозрасни пионери.

Во координација со делегатот, судиите и координаторот на детските лиги – Исток, нечесниот план на гостите бил осуетен. Од „Фудбал Старс“ се ваделе дека легитимациите на дечињата не ги носеле, како изговор да стават повозрасни фудбалери.

И тоа што зачудува, ова не било првпат на школата од Кочани да се обиде на нечесен начин да стигне до победа, само прашање е што ќе донесе таква победа и која е целта да се отвори школа, со која ќе се прават ујдурми.

„Ова е речиси редовна пракса на послабите екипи, кои гостуваат во Македонска Каменица, па се обидуваат на секој начин да дојдат до победа, макар и нечесна. Планот беше осуетен и сега се надеваме дека во иднина гостите ќе се потрудат повеќе околу тренирањето на своите млади надежи и ќе им дозволат да се надигруваат со своите врсници, оставајќи ги овие начини на манипулации настрана. Сепак, треба да не им ја ускратиме желбата за натпреварување на дечињата. Земајќи го во предвид присуството на голем број родители, ние дозволивме денешните натпревари да се одиграат, иако знаевме дека гостите се обидуваат на нечесен начин да дојдат до посакуваните победи, изјавил Стојче Милошевски, координатор на младинските и детски екипи на ФК Каменица САСА за порталот Каменица.

ФОТО: каменица.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This