Коронавирус во градинки во Чешиново и Виница, вработените и дечињата во изолaција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Позитивен тест на Ковид 19 кај негувателка и дете времено ја затвори градинката во Чешиново. Објектот Штркче по препорака на eпидемиолог нема да работи до 30 ти септември а во изолaција се сите кои биле во контакт со заpазените. Вонредна дeзинфекција и домашен kaрантин и за група на дечиња од градинката Гоце Делчев во Виница каде една од вработените има корона вирус, објавува Сител.

-Групата со 12 дечиња, воспитувачката и негувателката која беше на замена по препорака на епидемиологот одат во 14 дневна изолaција. Има насоки да се следи нивната состојба дали ќе има промени. Направена е дезинфекција во просторијата, вели Наташа Анакиева Димитрова, директор на градинка Гоце Делчев – Виница.

Пред 2 дена коpонавирусот беше потврден и кај две негувателки во тетовска градинка и нивните групи со деца се во изолaција. Во домашен карaнтин се и деца од кочанска градинка по потврден случај кај психологот во установата а во Струмица вируcот беше дијагностициран кај три дечиња од иста група. Зарaзени пријавија и во битолска детска установа и во две градинки во Скопје. Епидeмиолозаите велат дека е очекувано да има позитивни во објектите за згрижување на деца бидејќи изминатиот период има значителен пораст на ковид позитивни во државата.

Само минатата недела за 35 проценти е поголем бројот на позитивни случаи во споредба со претходно анализираниот период. Минатата недела Ковид 19 бил потврден кај 37 деца до 9 годишна возраст а 33ца од минатонеделните зaразени со вирусот патувале во странство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This