April 24, 2024, 11:09 am

КОРУПЦИЈА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО: Антикорупциска со постапка против Ирена Пановска, ќерката на сопственикот на веледрогеријата „Пановски“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалите во владата на СДСМ не го поштедија министерството за здравство ниту пак новиот министер Венко Филипче. Имено Антикорупциската комисија води постапка против директорката на Хематологија Ирина Пановска Ставрдис поставена токму од новата влада.

Постапката против Пановска се води поради сомнеж дека таа ја злоупотребувала својата позиција на директор бидејќи главниот добавувач на лекови,опрема и медицински средства на клиниката за хематологија е фирмата на нејзниот татко т.е. веледгогеријата ,,Др. Пановски’’.

Во антикорупциска е пристигната претставка од друга веледрогерија кои што велат дека директорката врши злоупотреба на својата позиција, со тоа влијае на директно ги наметнува цените на лековите и го ограничува пазарот за набавка на лекови на клиниката и со тоа директно ги оштетува пациентите.

Од антикорупциска го потврдуваат овој случај, а писмото со истата содржина е пратено и до министерот за здравство Венко Филипче како и премиерот Зоран Заев.

Интересно е што според некои информации кои веќе подолг период кружат во јавноста и медиумите Ирина Пановска е во исклучително блиски некој би рекол и интимни контакти со новиот министер за здравство, а меѓу другото е одлична пријателка со министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Според исто така неофицијални информации кадровата одлука за Венко Филипче кој ненадејно беше избран за министер за здравство произлегува токму од блиските релации на горенаведените личности. Веледрогеријата Др. Пановски и таткото на сегашната директорка на хематологија го стекнаа своето богатство за време на криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ. Очигледно блиските бизнис релации продолжуваат и до овој ден, олигарсите на СДСМ ги полнат џебовите, а тоа се случува повторно на штета на македонскиот граѓанин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This