КОСОВАРИТЕ ПРОТЕСТИРАА ВО ПРИШТИНА: УЧК и роднините на осудените терористи од Диво Насеље бараат Косовската влада да ги ослободи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Организациите произлезени од војната на ОНА и семејствата на загинатите и уапсените во случајот “Куманово” денеска протестираа против пресудата за Кумановската група, барајќи нивно безусловно ослободување.

Мухамет Биљали, во име на Воените здруженија, рече дека Владата на Косово и Албанија досега не го виделе потреба да ги осветлуваат сите сцени што се случија во Куманово.
“Не знам која власт во светот во време на мир дава такви казни. Затоа сме на овој протест да покажеме дека ние сме во поддршка на борците за слобода. Дојдовме да покажеме дека големиот пат на обединивање е отворен. Овие борци беа убиени во Куманово без никакви факти, без какви било терористички докази како што ги нарекуваат. Тие биле и се дел од војната за слобода на албанскиот народ “, рече тој.

Од движењето обединета Албанија, Фрашер Рачај рече дека вистинските напори на групата на Куманово ја имаат вредноста на слободата, а не на криминалот.
“Македонија го злоупотреби Охридскиот договор. Како последица на нереализирањето на овој договор, Албанците се дискриминирани. Ние сме со вас и во вашата одбрана. Ја повикуваме македонската влада да ги ослободи осудените од случајот Куманово “, рече тој.

Рачај ја повика косовската влада да реагира на осудата на кумановската Група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This