КОСОВО АГРЕСИВНО КОН СРБИЈА: Даноците од 100 отсто на увезени производи остануваат додека не го смените односот кон Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај синоќа повтори дека и покрај притисоците од официјален Вашингтон, данокот од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина ќе остане во сила, се додека Белград не го смени „агресивниот и деструктивен однос кон Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одговарајќи на новинарско прашање за последното барање на Американската амбасада во Приштина за укинување на данокот, Харадинај рече дека неговата Влада е „заинтересирана за укинување на данокот, под услов Белград да ја признае независноста на Косово“.

„Ако Белград вели дека никогаш нема да го признае Косово, тогаш и ние  никогаш нема да го укинеме данокот на српскиот увоз, изјави синоќа Харадинај по посетата на градежната компанија „М-Текнолоџи“ во приштинската населба Лебане.

Според косовскиот премиер, на средувањето на економските односи меѓу двете земји треба да им претходи еден политички договор.

– Ние сме влезени во некои други политички димензии во Косово, што значи дека оваа година поголемиот дел од времето ќе го посветиме на економијата. Економските односи Косово-Србија се значајни, некогаш и ќе се средат, но само доколку се средат политичките односи. Отворени сме, значи заинтересирани сме да го повлечеме данокот доколку има подготвеност за средување на политичките односи меѓу Косово и Србија, што подразбира и признавање на нашата независност, изјави Харадинај.

Американската амбасада во Приштина вчера преку соопштение повторно побара од Владата на Харадинај да ја укине таксата на увозот од Србија и БиХ, порачувајќи дека таа е спротивна на стратешките интереси на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This