КОСОВО ГИ ОСЛОБОДИ „БОМБАШИТЕ“ ОД СОБРАНИЕТО: Членовите на Самоопределување кои фрлаа бомби во Собранието на Косово, пуштени на слобода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелациoниот суд во Приштина ослободи тројца претставници на опозициската Самоопределување кои беа сместени во затвор минатиот ноември за употреба на експлозивна направа во парламентот во 2016 година и одлучи да го повтори судењето.

Апелациониот суд во Приштина нареди да се ослободат тројца активист на Самоопределување, вклучувајќи и еден пратеник, кои беа осудени за фрлање на експлозивна направа, граната внатре во зградата на парламентот во 2016 и беа осудени на долги затворски казни.

Судот ја поништи пресудата и го врати случајот во Основниот суд во Приштина на повторно судење.

Минатиот ноември, Основниот суд му пресуди затворска казна на пратеникот Фрашер Красниќи од осум години за ова дело.

Адеа Батуша беше осуден на две години, Адде Арифи на шест години и Егзон Халити на пет години и шест месеци. Меѓу приведените бил и Астрит Дехари, но починал за време на притворот во Призрен во ноември 2016 пред да биде покренато било какво обвинение против нив.

Самоопределување е политичка партија во Косово која се противи на странско вмешување во внатрешните работи на државата и бара суверенитетот да бидел доделен на косовскиот народ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This