КОСОВО ГИ СКАРА ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ: Бугарите не можат да организираат успешен самит на ЕУ ако го поканат Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија на самитот на ЕУ за Западен Балкан, кој ќе се одржи во мај во земјата, во потполност ќе го почитува статусот на неутралност на Косово, рекла за Новости бриселската портпаролка на бугарскиот претседавач со ЕУ Геновева Червенакова

Бугарите во моментот настојуваат да ги уверат сите членки дека нема да се чепка во статусните прашања и бараат одговарачка формула, додава весникот, потсетувајќи дека Шпанија прва порача дека не е согласна со тоа Косово на истата конференција да има третман на држава, а потоа резерва најавија и претставниците од Букурешт и Никозија.

„Свесни сме за важноста на прашањето за односот кон Косово од членките кои не го признаваа, и со нив по тоа прашање близу работиме билатерално и на други начини“, рекла Червенакова.

Нагласила дека целта на Бугарија е самитот да се организира и сите 28 членки да бидат претставени на највисоко ниво, за да се испрати порака на заедништво околу европските интеграции за Западен Балкан, што е еден од приоритетите на бугарското претсдавање.

Весникот истакнува дека Словаците, кои исто така не го признаваат Косово, размислуваат за модалитет за учество.

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This