КОСОВО НЕМА ДА ПРОТЕРУВА ДИПЛОМАТИ: Ја следиме ситуацијата, и ќе донесеме соодветна одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Косово нема да го следи примерот на Западот и некои земји од регионот, како Македонија, и нема да протерува руски дипломати, по повод случајот „Скрипаљ“, пишува денес „Коха“

Канцеларијата на претседателот на Косово одбила да разговара за статусот на канцеларијата и нејзините членови, а ниту претставниците од Министерството за надворешни работи не истакнуваат дека ќе бркаат руски дипломати.

Во пишаниот одговор, Министерството наведува дека „Република Косово цврсто стои со своите западни сојузници во врска со меѓународниот инцедент во Солсбери“ и дека „министерот Беџет Пацоли изнел јасен став“.

Министерството за надворешни работи будно ги прати случувањата во врска со инцидентот и ќе ги превземе сите неопходни акции и одлуки во соработка со своите сојузници и парнери, пренесува „Коха“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This