Косово не влезе во Интерпол

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

РТС објави дека во вториот круг на гласањето за приемот на Косово во Интерпол гласале 68 земји, 51 биле против и 16 воздржани.

Предлогот Косово да стане членка на Интерпол не помина во првиот круг на гласањето, бидејќи за членство на Косово во оваа меѓународна организација гласаа 78 пратеници, додека 56 беа против, а 22 воздржани.

По првиот круг следувала пауза, за време на која, според Б92, се одвивала вистинска битка за гласови, бидејќи имало обид од салата во која се гласало да се извлечат членовите на делегациите на оние земји што гласале против Косово, со што во вториот круг ќе се намалел бројот на оние што се против.

Српскиот министер за надворешни работи, Небојша Стефановиќ, остро се спротивставил на одлуката за одредување пауза, бидејќи тоа е против правилата и статутот, но претседателот не послушал.

За една земја да влезе во Интерпол потребно е двотретинско мнозинство, кое Косово денеска не го доби.

Стефановиќ потоа прогласи победа на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This