Косово нуди награда од 20 000 евра за информации за тројниот yбиeц кај Дечане

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интензивна е потрагата по убиецот на тројцата патници во вооружениот напад на автобус во Глоѓане кај Дечани, а за што побрзо откривање и апсење на сторителот, косовската влада нуди награда од 20.000 евра за информации кои можат помогнете во неговото откривање.
Косовската полиција работи на собирање и анализа на сите релевантни факти и докази со цел што поскоро да се открие овој случај и да се изведе сторителот на ова дело пред лицето на правдата што е можно поскоро.
Министерството за внатрешни работи и полицијата бараат помош од граѓаните и сите кои имаат важни информации да го расветлат случајот.
„Како Влада, заедно со МВР и косовската полиција, апелираме до граѓаните кои можеби имаат одредени сознанија за случајот да и помогнат на полицијата со информации да го пронајде сторителот на овој чин и за тоа нудиме награда од 20.000 евра за секој граѓанин кој може да даде информации за расветлување или откривање на случајот“, соопшти владата во Приштина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This