КОСОВСКАТА ВЛАДА ЗНАЕЛА ЗА НАПАДОТ ВО ДИВО НАСЕЉЕ: Таткото на еден од терористите од Диво Насеље, сведочи дека косовскиот министер знаел за нападот во Диво Насеље

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исмајл Зекај, татко на Вал Зекај, во емисијата Рубикон на КТВ изрази уверување дека министерот за внатрешни работи на Косово, Скендер Хисени, имал информации за битката и знаел што ќе се случи понатаму.

Зекај објасни како борците беа префрлени во Куманово.

“Знае Скендер Хисени дека полицијата во Гњилање ги пренесе луѓето, ова е по Гошинце. Ги однесоа во ќор-сокак, тие се борци, но ако мене ме испратеа таму, ќе кажев не, не можеме да се бориме на место каде што не можеме да се повлечеме “, рече Зекај.

Зекај вели дека косовската и македонската полиција соработувале за да ги испратат борците таму.

Зекај стави до знаење дека целта на борците била спроведување на Охридскиот договор за да се продолжи со идејата за етничка Албанија.

“Ако денес направиме организација, јас сум стар, но ако е организирана за голема Албанија, јас одам”, рече Зекај.

Зекај е убеден дека борците се предадени.

“Убеден сум дека тие се предадени и предадени се од страна на македонското раководство”, рече тој.

Зекај објасни дека тој не е единствениот кому не му се дозволувало да присуствува на судските сослушувања.

“Јас правам малку проблеми”, вели Зекај, запрашан зошто не го пуштаат да влезе во судот.

Покрај тоа, Зекај вели дека не му било дозволено ниту на косовскиот амбасадор во Македонија, Илбер Хисај.

Иако го цени неговиот обид да присуствува на седницата, Зекрај објасни како амбасадорот веднаш си замина, што според него не е коректно и правилно однесување за еден амбасадор.

 

Извор
ТетоваСот

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This