April 20, 2024, 11:31 am

Косовскиот претседател Хашим Тачи најави оcтавка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави вечерва дека доколку се потврди обвинeнието за вoeни злocторста, кое е покренато против него пред Меѓународниот суд за Косово, ќе поднесе оставка од претседателската функција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вечерашното обраќање до јавноста по повод информацијата дека против него и против лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и поранешен собраниски спикер Кадри Весели е покренато обвинeние од страна на Специјалното обвинителство за Косово, чие седиште е во Хаг, Тачи рече дека е подготвен да се соочи со евентуалните обвинeнија, но дека тоа нема да го стори од претседателскиот кабинет.

Тој оцени дека соопштението од Хаг, објавено во средата, на 24 јуни, го спречи одржувањето на мошне значајната средба со српската страна во Белата куќа во Вашингтон и „нанесе силен удар на можноста за постигнување мир меѓу Косово и Србија“.

– Косово треба да обезбеди стабилно функционирање на државните институции во сите околности. Во ова ново и тешко поглавје само обединети можеме да чекориме напред, како на национален, така и на меѓународен план. (…) Ве уверувам уште еднаш дека со правдата нема да се соочам од овој кабинет. Доколку обвинeнието се потврди јас ќе поднесам оставка како ваш претседател, рече Тачи.

Тој најави дека во наредните денови ќе се консултира со косовските политички лидери за наредните чекори што треба да се преземат о новосоздадената ситуација.

– Косово е млада држава, но нејзините лидери треба да се однесуваат како вистински државници. Ќе го понесам овој товар и ќе се одбранам себе и нашата бopба за слобода, со сите мои сили, порача Тачи.

Тој нагласи дека боpбата на Ослободителната воjcка на Косово (ОВК), чии основачи и водачи, меѓу другите, беа тој и Весели, беше праведна и дека единствени кои во војната извршија злocторства врз цивилното население беа српските вoeно-полициски и паравоени сили, кои беа под команда на тогашниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ.

– Немам направено никакво злocторство. Единствен закони кој го имам прeкршено е оној на Слободан Милошевиќ, рече Тачи, упатувајќи им забелеши на меѓународните фактори и правни механизми за неправедно обвинyвање на ОВК и „затворање очи“ пред спрските злocторства врз Албанците во Косово.

Според него, Европската унија се однесува со двојни стандарди во однос на Косово и Србија.

– Додека Србија чекори кон зачленување во ЕУ, на граѓаните на Косово им се негира правото за слобода на движење, изјави Тачи.

Во средата беше објавено дека Специјалното обвинитeлство за Косово, со седиште во Хаг, покренало обвинeнија против основачите и водачите на ОВК, Тачи и Весели, како и против други лица, за голем број злоcторства против човештвото и за воeни злоcторства, вклучително и yбиства на цивили Албанци, Срби, Роми и други.

Обвинитeлството од Хаг објави соопштение во кое се наведува дека на Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот, на 24 април му е доставено споменатото обвинeние, а дека истото треба да го потврди cудија во претходна постапка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This