КОСОВСКИТЕ АЛБАНЦИ ГРАДАТ СПОМЕНИК НА ВИЛИЈАМ ВОКЕР: Главниот причинител за бомбардирањето на Србија добива споменик на Косово!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По Бил Клинтон, споменик на Косово ќе добие и бившиот американски генерал и некогаше шеф на мисијата на ОБСЕ Вилијам Вокер, кој во жижа на јавноста беше по контроверзните случаи во селото Рачка во јануари 1999 година, но и во текот на 2001-ва

voker

Косовските Албанци, набрзо по случувањата во Рачка го прогласија Вокер за национален херој, а вајарот Идриз Балани ја завршил работата на статуата на американскиот генерал, која наскоро ќе биде поставена во Рачка.

Случувањата во ова мало село се сметаат за пресвртница во косовската криза, а набрзо потоа НАТО започна со операција на воздушни удари против СР Југославија која траеше 78 дена. Во судирите на српските сили на безбедност и припадниците на ОВК во Рачка на 15.јануари.1999. година се убиени повеќе од 40 косовски Албанци. Српскте власти тврдеа дека се работи за припадници на ОВК, додека Вилијам Вокер случајот го нарече масакар и го повика Хашкиот трибунал да спроведе истрага. Вокер беше американски дипломат во Јужна Америка за време на бурните години на тој континент, а пред доаѓањето на Косово ја обавуваше функцијата специјален претставник на шефот на ОН за Источна Славонија, Барањ и Западен Срем.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This