КОСОВСКИТЕ ВЛАСТИ НЕ ИМ ДОЗВОЛИЈА НА КОШАРКАРИТЕ НА ПАРТИЗАН ДА ГИ ПОДДРЖАТ ПРОТЕСТИТЕ ВО МИТРОВИЦА: Кошаркарите на Партизан не добија дозвола да влезат на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На експедицијата на КК Партизан денеска не и беше дозволен влез на територијата на Косово. Српскиот клуб се упати кон Косово да даде поддршка на своите сонародници кои протестираат против мерките на Приштина, но и да одигра пријателски натпревар со Трепча, братски клуб на „црно-белите“ од 2014 година.

Партизан беше сопрен на граничниот премин „Јариње“.

Песимизам дека ќе успеат да влезат на Косово изрази претседателот на КК Партизан Остоја Мијаиловиќ.

– Европа не знае што се случува на Космет. Преминот ни е забранет. Сакавме мирно да протестираме со својот народ и да одиграме пријателски натпревар, изјави првиот човек на Партизан.

Тој кажа дека проблемот настанал, бидејќи експедицијата не била најавена.

– Ни кажаа да одиме преку брдото, но не сакаме да ризикуваме апсење. Видете што се случува во 21 век, додаде Мијаиловиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This