Косовски автобус излетал од автопатот кај Славонски Брод, десет mpтви и триесетина пoBpeдени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ано утрото кај Славонски Брод се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубиле десет лица а триесетина се повредени. Околу 6 часот и 20 минути на автопатот А3 кај Славонски Брод (во близина на наплатната рамка на патарината (Славонски Брод-Запад) автобус со косовски регистерски таблички од непознати причини слетал од коловозот. Во оваа тешка сообраќајна несреќа, според првичните информации десет лица загинале а триесетина се здобиле со телесни повреди. Полициските службеници се уште вршат увид за да ги утврдат околностите и причините поради кои се случила несреќата, информираат од храватското МВР.
славонски-брод

Началникот на сообраќајната полиција од Славонски брод Фрањо Галиќ вели дека е утврдено дека се работи за автобус со косовски регистерски ознаки кој патувал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Според него, ова е можеби најтешката сообраќајна несреќа која ја видел досега.

Во однос на информациите дека автобусот имал македонски национални ознаки, кои се појавија на одредени хрватски медиуми, „360 степени“ контактираше со локалната полиција од Славонски брод од каде ја демантираа веста дека се работи за македонски автобус. Оттаму не сакаа да ни соопштат никакви други детали, ниту дали меѓу настраданите и повредените има лица од нашата држава.

Портпаролката на македонско МНР Анеса Салиху за „360 степени“ рече дека и тие ги проверуваат информациите и очекуваат во кусо време да имаат повеќе детали од нашата амбасада во Загреб и од колегите од хрватското МНР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This