April 20, 2024, 10:09 am

КОСОВСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ИМ СЕ ЗAKAHИ НА СРБИТЕ: Ако ја допрете Митровица, ќе се случи невидена вojнa!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обединувањето на северна и јужна Косовска Митровица, која првобитно не беше поддржана од владата од Приштина, сега веќе прераснува во отворена закана за војна.

Кога Бахтири во ноември излезе во јавноста и изјави дека ќе биде човекот што ќе води обединет град, тој всушност ја заостри реториката и започна да го припрема opужjeто, најавувајќи дека ќе го употреби, ако во Спогодбата со Белград се допре прашањето за косовска Митровица.

„Ви гарантирам дека ако Србите ја допрат Митровица, ќе се случи невидена вojнa“, се закани Бахтири.

И додека Приштина не застанува со своите мегаломански барања, почнувајќи од даноците, законот за косовските војници, до обидите да се преземе „Трепча“, претставниците на Србите ги предупредуваат КФОР и Еулекс дека овие закани не се безопасни и дека можат да jа нарушат кревката стабилност, која опстојува врз невозможни услови.

„Ние не сакаме да се зaкaнувaмe, но доколку некој ги допре нашите домови во нашата северна Косовска Митровица, тогаш ќе добие соодветна реакција.“, рече Горан Ракиќ, претседател на Сpпската листа и поранешен градоначалник на Cеверна Митровица.

Експертите за ова ново заплашување велат дека нималку не е безопасно и дека ситуацијата лесно може да излезе од контрола. Приштина нема јасен план, а ниту Србите не преземаат нешто конкретно. Прашањето ќе мора да се стави на преговарачката маса во Брисел, на една од наредните средби помеѓу Приштина и Косово, доколку  ситуацијата не ескалира до тогаш.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This