КОСОВСКИ ФИРМИ САКААТ ДА ИНВЕСТИРААТ ВО МАКЕДОНИЈА: „Деволи Груп“ сака да инвестира во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше средба со претставници од компанијата Devoli Group од Косово.

Претставниците на компанијата пред премиерот и министерот ги презентираа своите планови за инвестирање во Македонија, во областа на земјоделството, сточарството, месната и месо-преработувачката индустрија, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Заев истакна дека ги поддржува нивните иницијативи за преземање понатамошни чекори во продлабочувањето на комуникацијата со економските тимови и тимовите на соодветните институции на Република Македонија, со цел, навремено, детално и професионално постапување во насока на изнаоѓање најдобри можни решенија за реализација на нивните планови за инвестирање.

Тој, исто така, потенцира дека зголемениот интерес за инвестирање е резултат од новите економски мерки на Владата, кои привлекуваат инвеститори од целиот свет.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This