April 19, 2024, 10:12 am

КОСТАДИНКА И ДУШАН ПРОСЛАВИЈА 70 ГОДИНИ БРАК: Наоѓаат време да волонтираат во охридски Црвен крст

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Душан (89) и Костадинка Лошкоски (92) од селото Оровник кај Охрид ја одбележаа 70-годишнината од својот брак, во присуство на тројцата синови, шест внуци и 12 правнуци, но и на волонтерите на охридски Црвен крст, пренесува САКАМ ДА КАЖАМ.

Душан и Костадинка се запознале во септември 1948 година, откако првпат се виделе на една свадба, брак склучиле на 6 февруари 1949. Минувале години, а нивниот брак опстојувал и добиле тројца синови.

Бев на свадба кадешто братот на Костадинка беше бајрактар. Тогаш ја бендисав и со негова помош ја зедов. Многу бевме среќни, сите години ми поминаа многу брзо. Ние сме најстари во регионов кои сме во брак”, вели Душан.

Костадинка е постара од Душан, што во тоа време не било вообичаено, бидејќи правило било сопругата да биде помлада од мажот.

„И после толку години, нашата љубов трае на еден поинаков начин. Се грижиме еден за друг. Душан многу повеќе, бидејќи е помлад од мене. Тој на некој начин ми е и лекар. Љубовта нè одржа цело ова време, седумдесет години, иако сме имале и многу премрежија”, кажува Костадинка за САКАМ ДА КАЖАМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This