Костадиновска-Стојчевска: Ќе возвратам со kpивични приjaви за ВМРО-ДПМНЕ и Левица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката на СДСМ, која позитивна на Ковид-19 дојде во Собранието да гласа за антикризните мерки, Бисера Костадиновска Стојчевска, во емисијата „24 анализа“ изјави дека сака да ги негира обвинувањата на Никола Мицевски дека таа и колегата Мирослав се шетале во Собранието.

Јас и Мирослав дојдовме по свое убедување, не бевме приморани. Ние сме избрани од народот и секогаш кога ќе почувствуваме дека сме во можност да присуствуваме на седници каде што се носат важни одлуки, ние ќе бидеме таму и под посебни протоколи. Јас сум асимптоматски случај и ги следев протоколите и се советував со мојот матичен лекар. Се возев со амбулатно возило приватно – изјави Костадиновска Стојчевска.

Таа вели дека протоколот се однесува на оние кои се во домашна изолација, а немале симмптоми и нема никакво кршење на законот. Тие не влегле во собраниската сала, ниту се движеле слободно низ собранието.

Во однос на тужбата и обвинувањата од опозицијата дека тоа било био тероризам, таа најави дека ќе одговори на секоја кривична пријава и порача дека ќе возврати со кривична пријава кон ВМР-ДПМНЕ и Левица, кои посочија дека нејзината постапка е тероризам

На колегите од ВМРО-ДПМНЕ ќе возвратам со кривична пријава до сите од нив зошто доаѓаат на работа каде ние сме предвидени да работиме минимум 5 дена во неделата и 8 часа, а тие седат по канцеларии. На пратениците од Левица исто ќе им возвратам со кривична пријава, зошто не ги исполнуваат условите кои ги потпишаа кога прифатија да бидат пратеници. Се појавуваат 10 минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си заминуваат – вели Костадиновска Стојчевска.

Таа изјави дека ќе ги достави и сите принт-скринови од заканите по живот кои ги добива од лажни профили на социјалните мрежи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This