КОСТАДИНОВ: Само во изминатите денови, донесовме бројни одлуки што се во интерес на граѓаните и државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само во изминатите денови, донесовме бројни одлуки што се во интерес на граѓаните и државата, изјави денеска портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

– Платите во градинките и социјалната заштита пораснаа значително. Над 3.100 вработени во детските градинки добиваат повисоки плати за околу 3.000 денари. 1770 вработени во социјалната заштита добиваат повисоки плати за над 4.300 денари. Започна распределбата на картичките за мерката зелена нафта за набавка на нафта за земјоделска механизација поевтина за 30 отсто. Со оваа мерка, 200 милиони денари ќе се вратат назад кај 55.000 земјоделци. Усвоен е Законот за земјоделско земјиште кој обезбедува фер и транспарентна распределба на земјоделското земјиште во државна сопственост и го поттикнува, многу сериозно руралниот развој. Преку Програмата за рурален развој, доделени се 11 решенија за реализација на капитални инвестиции во општините Битола, Могила и Новаци во висина од над 100 милиони денари. Откако Данокот на додадена вредност за топлинска енергија се намали од 18 на 5 отсто, сметките за парно греење веќе од овој месец се намалуваат просечно за околу 200 денари месечно, рече Костадинов.

И продолжува да набројува:

– Собранието го усвои Законот за основно образование кој е инклузивен и кој го унапредува образованиот процес. Усвоени се измените на Законот за здравствена заштита, што обезбедува услови за подобра здравствена заштита. Со измените се дава можност на здравствени работници од една јавна здравствена установа да одат и пружаат услуги на пациентите во друга јавна здравствена установа согласно потребите на граѓаните. Наместо пациентите како досега, да патуваат до големите болници или до Скопје, сега специјалистите ќе доаѓаат онаму каде што е потребно. Обезбедени се 500 милиони евра за изградба на новиот Клинички центар во Скопје, што е најголема гринфилд инвестиција во здравството. Деновиве беше отворен и пуштен во употреба новиот Ургентен центар во Куманово кој ќе пружа здравствени услуги за над 200.000 граѓани од Куманово и Кумановскиот регион, наброја Костадинов.

И додаде плус:

– Почитувани граѓани, ова се само дел од мерките во интерес на граѓаните што беа спроведени изминатава недела. Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој, повисок животен стандард и подобар квалитет на живот за сите граѓани во РС Македонија, се вели во изјавата на Костадинов што ја дистрибуира Центар за комуникации на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This