КОСТОВСКИ: Владата и СДС молчат за скандалот со намерата за именување на Обрадовиќ за директор на ЕЛЕМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата и СДС два дена молчат за скандалот за кој пишуваа и домашните и српските медиуми за намерата за именувањена српскиот државјанин Александар Обрадовиќ за директор на ЕЛЕМ. Тоа значи дека информациите се точни, изјави денес Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме неговата изјава.

Тоа значи дека СДС планира при толку многу докажани кадри од областа на енергетиката од нашата земја да именуваат балкански мешетар кој се товари за недомаќинско работење, промашени тендери и луксузи во ни помалку ни повеќе, Електропривреда Србија.

Што е поентата на набркан кадар од Србија, Заев да му дава државјанство  и да го именува за директор на најбогатата државна фирма. Дали е поентата овој човек да работи на тендерски постапки со кои ќе се испумпуваат пари? Дали поентата со именувањето на овој човек е да се поскапи струјата? Дали поентата е да се доведе ЕЛЕМ до тоа дереџе, па наместо сопствено производство Македонија уште повеќе да увезува струја?

Факт е дека овој човек нема да го унапреди работењето на ЕЛЕМ. Оправдано стравуваме дека овој човек има задача да го подготви ЕЛЕМ за продажба. Ако во сопствената земја, Србија има лоша репутација, тогаш само може да замислиме какви последици ќе има неговото именување за директор во една вака сериозна институција, тука во Македонија.

СДС и Владата треба да престанат да молчат и отворено да кажат зошто се решиле на ваков катастрофален кадровски избор. Да кажат која ќе биде придобивката еден балкански мешетар да биде именуван за директор на ЕЛЕМ. Премоногу е сериозно за да се премолчи. Јавноста треба да знае какви последици ќе имаат граѓаните и енергетскиот систем од оваа нивна одлука. Македонија не може да си дозволи уште еден бомбона бизнис од кој сите ќе имаат штета, освен можеби врхушката на СДС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This