КОСТОВСКИ ДО ПЕТРОВСКА: Со кое лице влезе и ги погледна полицајците во Бутел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминативе два дена на социјалните мрежи ја гледаме Славјанка Петровска допонителната заменик министерка во МВР и кандидатката за пратеник СДС од Бутел како се движи низ општината. И добро е тоа да го видат колку е убав нашиот Бутел но синдромот кој владее во ОО СДС Бутел се пресликува. Исто како и градоначалникот кој не живее во општината како печурки никнуваат само за избори тоа е показател колку им значат бутелчани на овие луѓе. Денес на пазарот во Бутел делеле рекламен материјал пред полициски час и апелите да се седи дома или кампањата за СДС е веќе започната!?, пишува Дарко Костовски на својот фејсбук профил.

Вчера во посета на полициската станица гордо се сликаат па сакам јавно да ја прашам Петровска неколку прашања:

Со кое лице влезе и ги погледна полициските службеници?

Нели почувствува барем малку срам за тоа што додека ја изврушуваше функцијата шеф на кабинет на тогашниот Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не се потруди ни малку за очајниот изглед на полициската станица во Бутел?

Какво е чувството да живееш во општина која е најнебезбедна и со најмногу kpиминал?

Какво е чувството да живееш во општина во која секојдевно има организирани тeпачки, kpжби, а за жaл свeдоци сме и на yбoди со нoж?

Дали Петровска од позицијата која ја извршувала се потрудила за бeзбедноста во Бутел?

Дали Петровска знае на кој начин се тepoризираат мали деца за што има еден куп пријави од загрижени родители во местото каде што самата живее, Скопје Север?

Пред да се шета низ Бутел, Петровска мора да им одговори на Бутелчани‼️

Изминативе два дена на социјалните мрежи ја гледаме Славјанка Петровска допонителната заменик министерка во МВР и…

Posted by Дарко Костовски on Saturday, May 23, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This