Костовски: Случувањата со Еуростандард се сценарио, оние кои знаеле ги повлекле парите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемиот акционер во „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски денеска на прес конференција посочи дека сценариото се спремало, а тие кои знаеле од Народната банка дека ќе се затвори банката, си ги повлекле парите.

„Ова е сценарио коешто е правено со месеци наназад, за никој да не знае, само блиски до тие кругови во Народна Банка на време биле известени да си ги повлечат парите бидејќи тоа и тоа и следува на Еуростандард банка“, истакна Костовски.

Тој најави дека правдата ќе ја бара надвор од Македонија со оглед на тоа дека тоа е странска фирма. Меѓу оние кои повлекоа пари од банката е и министерката за финансии Нина Ангеловска која сите свои средства од банката ги повлекла на 2 месеци пред пропаѓањето.

Во однос на шпекулациите за министерката Нина Ангеловска дека имала сознанија и дека ги повлекла своите средства , Костовки додаде дека не би ја мешал нејзе во ситуацијата.

„Денеска во јавноста се споменува министерката Ангеловска, но таа е стар клиент, и објективни, ја нејзе не би ја мешал во овој круг, меѓутоа апсолутно постои круг на луѓе кои што имаа добри квоти кои што ги повлекоа пред пар месеци точно према, да не кажам, шпекулативни информации на Народна Банка, ‘Повлекувај си ги парите и бегај’“,појасни Костовски.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2762040770735964

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This