КОСТОВ: Брзи корона избори – глупирање на квадрат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните јасно кажаа и порачаа дека не се потрошна (петпаречка, бит-пазарска) стока. Енергично се спротивставуваат на нехуманиот експеримент на Заев – корона избори. И нормално е, не сакаат да бидат експериментални зајаци, во грозниот експеримент – останување на власт на Заев и корона-бандитите од власта. Вошингтон ди-си, Брисел, Парис, Берлин, ЕУ, каде сте, каде загинавте. Да не биде после Истокот врши пропаганда, а Запад спие во зимски сон. Ни недостасуваат вашите добронамерни совети и предлози. Ве молам јавете се! Се работи за живот или смрт. Не се оди во ЕУ со река мртви.

Ете луѓето, македонските гласачи, како и што доликува, први го кажаа својот збор. Не! – за брзите избори на Заев! Институтот при невладината “Habeas corpus“, во периодот од 13 до 16 мај спровел испитување на јавното мислење, во врска со можноста за брзи избори.
Читаме дека е спроведена телефонска анкета (фиксна и мобилна телефонија) и дека при испитувањето се водело сметка за етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Резултатите се многу интересни, би рекол и предупредувачки, дури и поучни. Така 74% од испитаниците се против брзи корона избори во време на пандемија од корона вирус. Добро, да кажеме дека само 14% велат може. Изгледа толкава е и поддршката за ненародната власт, предводена од Заев и коалицијата “Можеме“. Е, можете, ама народот ви вели не може така, значи не можете. Море и не смеете. Народот ве опоменува. Да биде по јасно, дури 71% од испитаниците се изјасниле дека нема да излезат да гласаат со маска и ракавици. А дека граѓаните се уште се во страв и се плашат од ова пандемиско чудо, потврдува високиот процент од 68% од испитаниците кои очекуваат ширење на пандемијата ако се излезе на гласање во нерегуларни, ненормални услови.

И сега, што да мислиме? Што да правиме?

Ајде да пробаме вака: Ако во едно демократско општество треба да се слушне гласот на народот и ако од него произлегува целиот суверенитет во државата, тогаш, не гледам што не е јасно. Треба тие што управуваат во име на народот добро да измијат уши, да ги порасчепкаат со чепкалка и добро да чујат што им порачува нивниот врховен господар. Тој што им дал шанса да управуваат со институциите и севкупните состојби во државата и општеството. Ова важи и за меѓународните дејци во Република Македонија, кои нешто како да се подзаспани. Еве им еден конструктивен предлог: Нека скратат од силните средства што ги даваат по разни основи, и водат пропаганда во нашата држава што не се поклопува баш со интересите на Македонија, и нека спроведат тие веродостојно и релевантно истражување на оваа тема и резултатите нека ги обелоденат јавно. Еве да претпоставиме, или да бидеме неверни Томи и да не веруваме на ова истражување. Иако, јас се интересирав, и се уверив во неговата веродостојност, ама ете, нека се направи еден чек, па дури и дабл крос чек, и да видиме дали во меѓувреме граѓаните-избирачи го промениле мислењето.

А чинам најчесно е да постапиме според ова одлучно не на фушерајот и глупирањето и со сета енергија и село рацио да ги одложиме за подобри времиња овие натурени, исхитрени, ама можеби и смртоносни (не дај Боже) избори. Не зборувам на памет, еве, за жал и денес имаме 4 мртви сограѓани од корона вирусот. Ало, Филипче, ова ли е славата што ти ја доделуваат твоите. Со вакви ли лаворики ќе те китат. Свести се, те местат.

Граѓаните јасно кажаа и порачаа дека не се потрошна (петпаречка, бит пазарска) стока. Енергично се спротивставуваат на нехуманиот експеримент на Заев – корона избори. И нормално е, не сакаат да бидат експериментални зајаци, во грозниот експеримент – останување на власт на Заев и корона-бандитите од власта. Вошингтон ди-си, Брисел, Парис, Берлин, ЕУ, каде сте, каде загинавте. Да не биде после Истокот врши пропаганда, а Запад спие во зимски сон. Ни недостасуваат вашите добронамерни совети и предлози. Ве молам јавете се! Се работи за живот или смрт. Не се оди во ЕУ со река мртви.

И после се, она глупирањето на Заев и бандитите од насловот не било глупирање на квадрат. Денешната бројка на починати вели – тоа е глупирање на куб!

Пишува: Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This